Здруженија на Македонците во Бугарија со претставка до ЕК против Бугарија

Здружението НовАСном од Македонија и забранетото македонско здружение во Бугарија поднесоа претставка во Европската Комисија против Република Бугарија, откако со одлука на врховниот суд, здружението беше ликвидирано, а по отворање на клубот „Никола Вапцаров“.

Заеднички на прес конференција ќе ја образложат претставката, со која ќе го бранат затвореното здружение – Македонски клуб за етничка толеранција, кое имаше неизвесна судбина уште од 2019 година.

Атанас Мазнев, еден од основачите на здружението, кој пак се појавува и како претседател на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претходно за ТВ24 изјави дека затворањето на здружението не значи и ликвидација на клубот, бидејќи тој формално-правно не постои – не е регистриран во Централниот регистар, туку претставува клуб во кој се собираат македонците од Пиринска Македонија.

Клубот, според него, го основале сите кои имаат идеја да се признае македонското малцинство во Бугарија, но и да се подобрат односите помеѓу Македонија и Бугарија, но не се одлучиле да формираат здружение, туку само да отворат канцеларија во која ќе имаат средби./www.24.mk

Advertisement