Земјотрес во Преспа

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во 0 часот и 32 минути по полноќ регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во регионот Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен и Мала Преспа со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

Advertisement