Големиот Македонец од Голо Брдо Поп Станко Илиа Која (1896 – 1941)

Роден е во 1896 година во Ѓиноец, областа Голо Брдо. По завршувањето на училиштето, служел 3 години како поп во областа Шпат, Елбасан. После заминувањето од Елбасан се вратил во областа Голо Брдо каде служел како поп до крајот на животот. Во времето кога служел како поп во родното место Ѓиноец, во областа Голо Брдо многупати добивал закани за по неговиот живот, но тој ревносно ја исполнувал својата света должност. Според сеќавањето на неговите соселани, „еден ден вторник, тргна од Ѓиноец за Врница да крштева дете По патот 3 лица го нападнаа од заседа и го убија“.

Се зборува и дека егзекуторите имале извршено и други криминали. Причината за овој грозен чин била што попот, Станко Илиа Која, ја ширел православната религија кај Македонците во областа Голо Брдо. Така, почитуваниот отец на Македонците од Голо Брдо, почина во 1941 година, на 45 години восраст, оставајќи ги неговата сопруга и двете деца. Голема била загубата и за православните верници и негови почитувачи од Голо Брдо. Двајца од убијците биле егзекутирани од страна на државата во Пешкопеја, еден од нив од страв од одмазда манифестирал психички пореметувања и умрел во болница за душевни болести.

Години подоцна. пожар го зафатил селото Ѓиноец, но црквата Свети Никола, каде работел поп Станко Илиа Која не ја зафати пожарот. Секако, душманите на православието не спиеле, па нешто подоцна непознати лица ја запалиле црквата. По падот на комунистичкиот режимот на Енвер Хоџа, Македонците од Голо Брдо ја обновија црквата Св.Никола.

 

Picture

Поп Станко Илиа Која 1896 – 1944 

crkva-sv-nikola-golo-brdo
Црква Св.Никола село Ѓиноец, областа Голо Брдо

crkva-sv-nikola-golo-brdo-2
Црква Св.Никола село Ѓиноец, областа Голо Брдо изградена 1911 година

 

Advertisement