Македонецот Кристо Пандофски прогласен за почесен граѓанин на Билишта

 

Познатиот хирургот Кристо Пандофски по потекло од селото Врбник, со предлог на градоначалникот г-дин Бледјон Налбати, со најголема благодарност, Општина Девол и Советот на општина Билишта го прогласи за “Почесен Граѓанин” на Билишта со мотивација “Мисионер за здравје и хуманост”. Ова признание го доби како резултат на посветеноста и хуманоста што ја има покажано за време на неговата работа. За Пандофски благодарност е најголемата награда. Тој е и ќе остане пример за сите генерации на воени и цивилни лекари, за луѓето што им помогнаа и ги излекуваше од цела Албанија.

Advertisement