Сајтот на Манастирот Св. Јован Бигорски веќе достапен и на англиски јазик

Возљубени пријатели, сајтот на Манастирот Св. Јован Бигорски веќе достапен и на англиски јазик. Со особена радост ви соопштуваме дека, како што ветивме после објавувањето на грчката јазична верзија на нашиот сајт, со Божја помош е завршена и верзијата на англиски јазик. Споделувањето е чин на љубов – стои во соопштението на Манастирот Св. Јован Бигорски.