Tag Archives: Македонија

Македонија: Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата

Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема ...

Read More »

Собранието на Македонија го ратификува Договорот за воведување на системот „One Stop Shop“ со Албанија

Собранието на Македонија го ратификуваше Договорот за воведување на системот „One Stop Shop“ на пет гранични премини меѓу Македонија и Албанија. Со оваа спогодба се очекува да се олесни движењето на граѓаните и транспортот на стоки, да се намали времето на чекање на граничните премини и да се подобри соработката меѓу надлежните институции на двете држави. Системот „One Stop Shop“ ...

Read More »

Информативен ден во Елбасан за новата покана за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Во Елбасан денеска се одржа четвртиот информативен ден посветен на „Втората покана за предлози“ во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Ова беше првиот информативен настан организиран на територијата на Албанија. На настанот учествуваа претставници на локалните јавни институции, непрофитни организации и потенцијални корисници на програмата. Присутните имаа можност да се запознаат со неопходните чекори за ...

Read More »

Македонија: 13 Ноември денот на ослободување на Скопје од фашистичката окупација

На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред ...

Read More »

Започна изработката на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

Фото: Министерството за односи меѓу заедниците Во Скопје денеска започна дводневната работилница посветена на изработката на новата Национална стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2027–2032 година. Работилницата ја отвори шефот на Кабинетот на Министерството за односи меѓу заедниците, Шпенд Муратти, а на неа учествуваат претставници на Собранието, Владата, министерствата, државните агенции и експерти од соодветните области. Активноста е ...

Read More »

Завршена втората фаза од изградбата на Коридорот VIII: Подобро поврзување на Албанија и Македонија (ВИДЕО)

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска објави снимки од завршувањето на вториот дел од изградбата на Коридорот VIII, Папер – Ура е Грикшит, во областа Елбасан. „Уште една инвестиција што ја зголемува безбедноста во сообраќајот и ја олеснува поврзаноста меѓу населените места“, напиша Рама покрај објавеното видео. Станува збор за делница долга 1,8 километри, која се протега на левата страна ...

Read More »

Еколошки се поврзуваат четири национални парка: Маврово, Галичица и Пелистер во Македонија и Шебеник во Албанија

Шумите не се важни само во границите на заштитените подрачја. Од нивната состојба и од поврзаноста со поширокиот предел директно зависат движењето и опстанокот на дивите видови, како што се рисот, кафеавата мечка и дивокозата, сметаат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Оттаму информираат дека, преку проектот „ПОНТ Конект“, работат на подобрување на еколошката поврзаност на два значајни коридори: Илинска – ...

Read More »

Македонија се поврзува со пристаништата Драч, Солун и Бар 

Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе не поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, ...

Read More »

Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

Фото: Министерство за транспорт Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната година со два лета неделно. Ова го најави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, по денешната билатерална средба со заменик претседателот на Владата на ...

Read More »