Семакедонски донаторски коктел во Торондо

 

Во организација на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Македонското меѓународно движење за човекови права во Канада, Организацијата Обединети Македонци – Канада и Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев Ќосето“ – Канада, на 14 септември 2018 година ќе се одржи Семакедонски донаторски коктел, со почеток во 20 часот во Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Финансиската помош ќе биде наменета за македонските организации во Македонија кои се борат против неуставниот и незаконски референдум распишан од Владата за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Јас сум за Македонија, затоа го БОЈКОТИРАМ референдумот! Мајка Македонија Ве повикува во одбрана на татковината! Бојкотирам значи НЕ ГЛАСАМ! – се вели во прогласот од организаторите на овој Семакедонски донаторски коктел.