Светскиот Македонски Конгрес – Австралија се регистрирани во Секторот на невладини организации на Обединетите Нации

Светскиот Македонски Конгрес оствари уште еден успех на глобално ниво. Светскиот Македонски Конгрес – Австралија со гордост објави дека се регистрирани во Секторот на невладини организации при Одделението за економски и социјални прашања на Обединетите Нации. Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, исто така, е регистриран и во Здружението на Обединетите Нации во Австралија и е единствена австралиска македонска невладина организација која ја поседува оваа регистрација.

Овие регистрации ги негуваме со чувство на голема одговорност и продолжуваме да ја поддржуваме традиционалната улога на Светскиот Македонски Конгрес за претставување на Македонскиот народ на локално и меѓународно ниво. Постоиме само да му служиме на Македонскиот народ и македонскиот идентитет, – се вели во соопштението на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија.

Членството на Светскиот Македонски Конгрес во ООН овозможува пристап до датотеките на ООН и нејзините специјализирани меѓународни организации и учество на сите јавни дебати во сите органи и тела по претходна процедура. Шеф на Постојаната мисија на Светскиот Македонски Конгрес во Обединетите Нации во Њујорк е проф.д-р Игор Јанев.

Advertisement