
Македонските компании од денес имаат комплатна инфраструктура за пласман на своите производи на Руски пазар. Во огромниот деловен центар кој е сопственост на најголемиот руски агро-кластер „Фуд сити“ беше пуштен во употреба „Македонскиот изложбено-трговски дом“. На свеченото отварање присуствуваа бројни бизнисмени од главниот град на Руската Федерација. Македонскиот национален павилјон ќе биде целосно во функција на зголемување на пласманот на македонските производи на рускиот пазар и ќе им пружа на компаниите комерцијална, правна, царинска и секаква друга помош.
Македонска-руската стопанска комора, која веќе 12 години делува под мотото дека е „мост за стопанско поврзување на двете земје“, дефинитивно го изгради тој мост. Македонските стопанственици сега преку „Македонскиот трговско-изложбен центар“ прејдоа на рускиот пазар и македонската храна и пијалаци многу полесно ќе може да се најдат на трпезите на руските граѓани, – истакна Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-рускатата стопанска комора на свеченото отварање.
Амабасадор на Република Македонија во Руската Федерација, посебно нагласи дека се надева дека со „отварањето на овој постојан претставнички центар на македонското стопанство во Руската Федерација ќе се зголеми пласманот на македонските производи на рускиот пазар“. Уште при презентација на Центарот пред еден месец во Република Македонија ме пленија македонските луѓе и квалитетот на македонските производи.Затоа сум сигурен дека тие ќе најдат место на рафтовите во руските маркети и трговски центри, но дека ќе дојдат и до купувачи и во останатите земји од Евроазиската унија, – подвлече Виктор Тузарович Камболов, директор на Евроазискиот деловен сојуз.
Првите десет македонски компании кои се стационираа во „Фуд сити“ се: „Тиквеш“ од Кавадарци, „Здравје Радово“, „Далвина“ од Струмица, „Попова кула“ од Демир Капија, „Вори“ од Гевгелија, „Агромакс“ од Берово и „Гранд Фуд Корпоратион“, „Кадино“, „Горска“, „Свислион“ од Скопје.Веднаш по свеченото отварање на „Македонскиот изложбено-трговски дом“ видлив беше интересот на руските бизнисмени за македонското вино и други жестоки пијалоци, сирење и кашкавал, кондиторски производи, тестенини, конзервиран и сушен зеленчук и овошје, чаеви и други производи „made in Macedonia“. Претставниците на македонските компании имаа бројни деловни разговори со нивните руски колеги.
Значајно е што „Македонскиот изложбено-трговски дом“ во Москва е отворен и за други компании од Република Македонија кои се заинтересирани за пласман на своите производи на големиот руски пазар.
Македонската бизнис – делегација имаше и свечен прием и во Московската стопанска комора.Притоа, тие присуствуваа на потпишување на Меморандум за соработка меѓу Московската стопанска комора и Македонска-руската стопанска комора и Македонскиот изложбено – трговски дом. Под овој документ за соработка своите потписи ги ставија Владимир Платонов, претседател на Московската стопанска комора и Дејан Бешлиев, претседател на Македонска-руската стопанска комора и Инна Жарова директор на „Македонски дом“. На потпишувањето присуствуваше и амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.
Од македонската страна беше споменато дека се прават сериозни напори за зголемување на соработката со Руската Федерација, особено во делот на агрокомплексот и прехрамбената индустрија. Македонија е една од не многу земји кои не воведоа санкции спрема Руската Федерација.Тоа придонесе меѓусебната размена лани да ја достигне бројката од 200 милиони долари и тоа е потенцијал кој и натаму ќе се зголемува, бидејќи условите за бизнис во Русија се дефинирани и стабилни, – порача Дејан Бешлиев.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden