15-ти илинденски марш од Охрид до Крушево

Здружението Илинденски Марш Христо Узунов Охрид оваа година по 15-ти пат го организира традиционалниот илинденски марш од Охрид до Крушево. Како што информираат од здружнието, поради овој јубилеј, на маршот се очекува да земат учество повеќе од педесет учесници кои ќе ја изодат планираната маршута од 100 километри,  со цел да оддадат почит и да се одбележи Илинденското востание.

И годинава дел од маршот е бидат преставници на Македонците од Србија, Албанија и Франција, како и повеќе млади момчиња кои водени од илинденскиот идеал ќе го изодат патот од Охрид до Крушево. Заедничката молитва пред тргнување е во црквата Света Троица, на 28 јули во 17 часот. Тргнувањето е во раните утрински часови, на 29-ти јули.

Advertisement