29. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес ќе одржи на 10 август

 

На 10 август 2019 година, сабота, со почеток во 10.30 часот во Големата сала на Социјалистичката партија на Македонија (2. кат на поранешната зграда на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, до бистата на Васил Главинов) на улица “11 Октомври“ број 17, карши Градска болница, ќе се одржи 29. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК).

Поканети се сите здруженија на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет кои се членки на СМК, македонските сенатори, членовите на сите органи и работни тела на СМК за периодот 2016-2020 година, претседателите на канцелариите за врски на СМК и координаторите на СМК за одделни држави и региони.

Пријави за нови членки на СМК се доставуваат на е-маил: todorwmc@yahoo.com најдоцна заклучно со 9 август 2019 година 24.00 часот. Пријавите за учество во работата на 29. Генерално Собрание на СМК се доставуваат на е-маил: todorwmc@yahoo.com најдоцна заклучно со 9 август 2019 година 24.00 часот.

Членките на СМК се должни во пријавата за учество во работата на 29. Генерално Собрание да достават име и презиме на пратениците кои ги претставуваат. Здруженијата на Македонците кои имаат до 500 членови може да делегираат најмногу двајца пратеници во Генералното Собрание, а здруженијата на Македонците со повеќе од 500 членови може да делегираат најмногу тројца пратеници во Генералното Собрание на СМК.

Регистрацијата на пратениците за 29. Генерално Собрание се врши на влезот во салата од 9.00 до 10.20 часот.

29. Генерално Собрание на СМК ќе ја ратификува Декларацијата за заштита на бракот и семејството од граѓанско-верската платформа “Сојуз за живот“, ќе донесе резолуции за Македонија, за велепредавството на државата и нацијата, за Гоце Делчев и Илинденското востание, против ревизија на македонската историја по барање на Атина и Софија, за насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949, за Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за Македонците во соседните земји на Република Македонија, за македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа и иницијатива за основање на Македонска Фондација за научни проекти за вистината и историјата за Македонија и Македонците.

Заради ажурирање на членството, СМК ги повикува сите индивидуални членови и членки на СМК да извршат пререгистрација на пристапниците! На 11 август 2019 година (недела) со почеток во 10.30 часот пред гробот на Гоце Делчев во црквата “Свети Спас“, а по повод Светскиот ден на семакедонското помирување и обединување, ќе се одржи панихида за сите загинати и упокоени знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и државноста на Македонија. Добредојдени се сите добронамерници.

Advertisement