Досиејата на Eнвер Хоџа и неговите соработници отворени за јавноста

Управата на државниот архив на Албанија соопшти дека завршен е процесот на декласификацијата на Тајните досиеја на комунистичкиот претседател на Албанија, Енвер Хоџа, и неговите соработници, а  документите од денеска се отворени за историчарите.

Директорот на албанскиот архив, Ардит Бидо, изјави дека станува збор за 48 илјади досија и 6оо илјади документи  од 1945 до 1993 година кои биле во фондот на Собранието на Албанија  и  персоналните фондови  на Енвер Хоџа и неговиот најтесен соработник Хисни Капо. Исто така според директорот Бидо има и досиеја кои  биле во Јавното обвинителство, Врховниот суд и други институции.

Истиот извор наведува дека сега се останати околу 2 илјади досиеја на кои се работи и кои се уште не се декласифицирани. Декласификацијата ја реализираа осум познати албански архивисти кои, спортед албанските медиуми, биле коректни во однос на декласификацијата.

Медиумите нагласуваат дека има голем интерес од страна на историчарите и повеќе публицисти за користење на документите за периодот во кој вледееше комунистипчкиот водач на Албанија. Енвер Хоџа. Посебен интерес има за односите на Албанија со Титова Југославија, потоа односите со СССР, како и за одлуките за пресметка на Хоџа со неговите противници и масовните прогонувања.