
На покана на албанскиот претседател Илир Мета, попладнево во Тирана пристигна претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Со сите државнички почести беше пречекан од својот домаќиn, dоцна попладне Пахор се сретнa и со албанскиот премиер Еди Рама а потоа и со лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша.
Во текот на утрешниот ден планирани се средби со градоначалникот на Тирана Ерјон Велиај и со спикерот на парламентот Грамоз Ручи. Престојот во државата ќе го заокружи со посетата на градот Круја и тамошната тврдина, една од најголемите туристички атракции во Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden