
Претседателот на Република Албанија, Илир Мета му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател на Републка Македонија. Мета во телефонскиот разговор со Пендаровски честитајќи му го изборот искажал убедување во одличната соработка во иднина не само меѓу двете земји, туку и за зајакнување на евро-атлантската перспектива на регионот. Инаку, албанските медиуми во континуитет денеска известуваа за вторит круг од претседателските избори во Република Македонија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden