
Македонската фудбалска репрезентација го совлада Лихтенштајн со убедливи 3:0 и стигна до првата победа во квалификациите за СП во Русија кое ќе се одржи следната година. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски доминираа во текот на целиот натпревар во Вадуц и сосема заслужено ги прокнижија првите бодови во петтиот натпревар во групата.
Домаќините успеваа да се одбранат се до 43. минута кога Николов со атрактивен гол го отвори резултатот, а во второто полувреме Илија Несторовски реализираше два пати, во 68 и 73 минута за убедливи 0:3. Напаѓачот на Палермо испушти убава можност да го постигне првиот хет-трик во националниот тим откако самиот изнуди пенал, но не го реализираше во 90. минута од средбата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden