Во голема меѓународна акција против трговија на малолетни децапоради сексуално искористување се уапсени 34 лица ,а уште 36 за грабежи , дистрибуција на материјали за сексуално искористување деца и организирање илегална миграција , соопшти Европол.
Акцијата ја покрена британската полиција и во неа учествуваа полициите на 16 земји членки на ЕУ, како и Исланд и Швајцарија. Акцијата траела од 17. до 23 . јуни и во ена биле проверени 127 000 лица , 63 800 возила и 1100 локации.
Во акцијата учествувале 4 567 полицајци од сите родови на полицијата , вклучително и поморска и аеродромска.
Биле идентификувани 206 потенцијални жртви , меѓу кои 53 малолетници , а овие активности овозможија да се покрене 31 случај за трговија со луѓе .
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
