
Денес, на редовната седница на Општина Драгаш, областа Гора по предлог на советот, одвои 5.000 евра за да им помогне на настраданите од земјотресот во Драч и Тирана. Граѓаните на оваа општина собраа помош во Драгаш, Рестелица и Белоброд, а за многу кратко време беа испратени облека и ќебиња. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden