Откако тие не успеаја да направат партија во последните дваесет години, сега се обидуваат да се регистрираат како непрофитно здружение. Oбединетата македонска организација “Илинден” направи втор обид да се регистрира и да дејствува легално во Бугарија, објави „24 часа“. Откако тие не успеаја да направат партија во последните дваесет години, сега се обидуваат да се регистрираат како непрофитно здружение.
Две такви здруженија беа регистрирани во август и септември.
Обвинителството поднесе барање до судот во Благоевград пред неколку дена, бидејќи во неговиот статут се наведува дека во Бугарија постои македонско национално малцинство кое нема никакви права, а здружението треба да се бори за нив.
Сега се прави нов обид да се регистрира здружение под веќе добро познатото име уште од 90-тите години ОМО „Илинден“. Тие досега биле одбиени седум пати во Агенцијата за регистрација.
Затоа, од здружението поднесоа жалба на одбивањето во Окружниот суд Благоевград, кој најпрво го потврдил решението на Агенцијата, но потоа Апелациониот суд во Софија се вратил на одлуката. Случајот сега е предаден на окружниот суд, кој утврдил несовпаѓање во броевите за апликација за регистрација.
Поради ова, со судска одлука било поништино одбивањето и Агенцијата за регистрација е задолжена да донесе нова одлука за апликацијата на ОМО „Илинден“, која е поднесена со друг број.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
