Tag Archives: Пиринска Македонија

Обединетите Нации бараат Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство (ВИДЕО)

Бугарија има обврска да ги почитува правата на малцинствата и да осигура дека никој нема да биде дискриминиран врз основа на нивниот слободно избран идентитет, изјави за Гласот на Америка Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, на барањето да го искоментира условот на Бугарија да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, додека против неа постојат 14 пресуди на Судот ...

Read More »

80 години од убиството на Никола Вапцаров и Антон Попов од бугарските фашисти

На денешен ден пред 80 години на гарнизонското стрелиште во Софија стрелани се Никола Јонков Вапцаров и Антон Попов, македонски интелектуалци и патриоти. Вапцаров бил поет, есеист, новинар и револуционер и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Роден е на 7 декември 1909 година во Банско, во Пиринска Македонија, каде го минал и детството. Вапцаров учи ...

Read More »

Атанас Кирјаков од ОМО “Илинден“: Како заедничка историја да го славиме 9 и 10 август, Денот на автономијата во Пиринска Македонија

Бугарија и Македонија заедно да го слават како заедничка историја 9 и 10 август 1946 година – воведувањето на Културна автономија во Пиринска Македонија, предлага македонскиот активист, Атана Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја). Овој предлог од Македонците во Бугарија доаѓа по инсистирањата на официјална Софија за заедничка историја со Македонија. Во духот на добрососедството и разбирањето, а по повод зачестените ...

Read More »

Македонија да не се откажува од Македонското малцинството во Бугарија и да бара реципроцитет од Софија

На 28 јануари делегација составена од 8 претставници на една партија и 4 организации кои се застапуваат за правата на бугарските државјани со македонска свест и самоопределба, македонското малцинство во Бугарија се сретнаа со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. На средбата тие му ја дадоа својата заедничка писмена позиција и му изложија серија проблеми со кои се соочуваат тие, заедно ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претставници на ОМО „Илинден“ и здруженија на граѓани од Пиринска Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на ОМО “Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани со Македонци од Република Бугарија. Претставниците на здруженијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество. Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, ...

Read More »

Организациите на Македонците во Бугарија пописот спроведен без посебна графа Македонец и во услови на страв резултатите не ги признаваме

Организациите на Македонците во Бугарија излегоа со став во врска со спроведениот попис во државата во кој се наведени серија слабости и пропусти со кои е оневозможено слободното изразување на нивната самоопределба како Македонци. Според објавеното соопштение, пописот прво е спроведен без посебна графа „Македонец“ и во услови на официјална политика на негирање на малцинството и третирањето на самоопределбата Македонец ...

Read More »

САД работат на прашањето за правата на ОМО „Илинден“ во Бугарија

За време на сослушувањето во поткомитет на Претставничкиот дом на Конгресот американскиот помошник-заменик државен секретар, Пабло Ескобар, освен што рече дека Македонија и Албанија мора да започнат преговори со Европската унија до крајот на годината, спомена дека САД работат и на прашањето за отфрлањето на правата на ОМО „Илинден“ од страна на бугарските власти. Ескобар беше прашан од конгресмен што ...

Read More »

Бугарија доби нов рок, до 1 декември, да ги признае и регистрира македонските здруженија

Бугарија доби нов рок од Комитетот на министри на Советот на Европа да преземе активности во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и да ги регистрира здруженијата со македонски етнички предзнак во својата земја. Новиот рок за Бугарија е 1 декември 2021 година, до кога треба да покаже конкретен напредок во решавањето на овие прашања. ...

Read More »

Советот на Европа бара од 1 јуни оваа година Бугарија да ги регистрира македонските здруженија  

Со непочитување на одлуката до 1 јуни оваа година да ги регистрира македонските здруженија, Бугарија отворенo му се спротивстави на Советот на Европа, вели за „Слободен печат“ претседателот на ОМО – “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков. И покрај сè што направија за да ги „избришат“ македонските здруженија во Бугарија, бугарските власти не успеаја да ги затворат случаите на македонските организации ОМО “Илинден”- ...

Read More »

ОМО ,,Илинден” од Пиринска Македонија го прослави својот 31 роденден

Во 1913 година со Букурешкиот договор пиринскиот дел од македонската територија, под притисок на руската држава, ѝ бил доделен на Бугарија. Од тогаш до денес, со исклучок на мал периот после Втората светска војна, Македонците во Пиринска Македонија, согласно меѓународната и бугарската регулатива, се борат за признавање на основните човекови права. Но, независно од фактот што Македонците во Бугарија се ...

Read More »