
Албанија и официјално од Словачка го презеде претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за 2020 година. Албанската мисија во Виена објави дека церемонијата на предавање на претседавањето со оваа организација се одржала на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
Чекаме да го преземе претседавањето со ОБСЕ на 1 јануари 2020 година“,соопшти албанската мисија во Виена, заблагодарувајќи се на Словачка за напорите за време на претседавањето. Албанија ќе претседава со ОБСЕ, која ја сочинуваат 57 земји-членки. Веста дека Албанија го презела претседавањето од Словачка на Твитер ја објави и овластениот министер за Европа и надворешни работи,Гент Цакај.
Претходно Еди Рама премиер и воедно министер за Европа и надворешни работи Еди Рама, претседавањето со ОБСЕ го оцени како историски момент за неговата земја. Додаде дека во прв ред е голема одговорност да се предводи оваа меѓународна организација, но и извонредна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden