Мицкоски: Нашите мисли и молитви се со Македонците во Австралија, поддршка и за владата во борбата со огнената стихија

Во Австралија каде постои огромна македонска заедница беснеат големи пожари. Нашите мисли и молитви се со нашите во Австралија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Има разрушени објекти, има и австралиски граѓани жртви и повредени. Опустошена е огромна површина. Поддршка и за владата на Австралија во борбата со оваа огнена стихија. Нека Бог биде со вас и ви помогне побрзо да се справите со овие предизвици, додава Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1432379400270848