Божикна честитка на Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Почитувани, По повод Денот на Христовото раѓање – Божик, до сите верници во Татковината и надвор од нејзините граници, кои овој Голем христијански празник го чествуваат по Грегоријанскиот календар, ја упатувам следната честитка:

„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници на Македонската Православна Црква во Република Македонија и надвор, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Рожденство Христово – Божик, со најискрени желби за добро здравје и општа благосостојба. На овој голем ден се потсетуваме на Неговото велико и спасоносно дело, дело кое целото човештво го упати на патот кон правдата, вистината и вредноста на човечкиот живот.

Празнувајќи го овој голем ден да дозволиме светлината да влезе во нашиот дом, во нашите срца. Вербата во Бог нека ни го покаже вистинскиот пат, оној на љубовта, мирот и толеранцијата. Да се почитуваме еден со друг и да си ги сакаме нашите најблиски и нашата Татковина. Овој празник нека создаде ново и исполнето поглавје од Вашиот живот, нека создаде мир и спокој во вашите семејства. Честит Божик!“ – стои во честитката потпишано од Претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.