
Роден е на 11 март 1946 година во Драч, со потекло од село Борје, областа Гора. Во 1970 година завршува високо образование на земјоделскиот Универзитет во Тирана, каде студира аграрна економика, како и на тиранскиот Универзитет, каде студира новинарство. Помеѓу 1970-1983 година работи како новинар во весникот „Пуна“, а од 1983 до 1989 година е негов главен уредник. Во 1991 година е главен уредник на весникот „Зри и популит“.
Намик Докле е еден од раководителите на социјалистичката партија на Албанија од 1991 година. Помеѓу 1991-2000 година е пратеник од СПА во албанскиот парламент. Од 1992 до 1997 година е претседател на парламентарната група на СПА, како и заменик-претседател на СПА (1992-1996). Од 2001 до 2002 година е претседател на парламентот на Албанија. Во третата влада на Фатос Нано (2002-2005) е вицепремиер.
Намик Докле е автор на повеќе книги, текстови во весници, како и научни и културни списанија во Албанија и други држави.
Во областа Гора, распослани се 9 села, населени со Македонци.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden