
Европската народна партија порача дека одблизу ги следи случувањата во Македонија. Од таму велат дека треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април. Ние внимателно ги набљудуваме важните реформски напори. Треба да се направи сè за да се овозможи да се одржат слободни и фер избори на 12 април како што е договорно, за да се придвижи земјата напред, објави Европската народна партија на „Твитер“.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden