На пленарна седница на косовскиот парламент за член на три парламентарни комиси е избран Адем Хоџа, лидер на партијата „Единствена горанска партија“ од Гора. Господинот Хоџа е избран за член во: Комисијата за права и интереси на заедницата, Комисијата за земјоделство, шумарство, рурален развој, инфраструктура и животна средина и во Комисија за економски развој. Изборот на Хоџа во трите парламентарни комисии е уште еден голем успех со кој се потврдува довербата кон него како лидер на партијата и воопшто кон областа Гора. Во областа Гора на Косово, во падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци познати под името Горани/Горанци.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
