Партијата „Единствена горанска партија“ од Гора бара формирање на Општина Гора со седиште Драгаш

Партијата „Единствена горанска партија“ од Гора е регистрирана политичка партија, чиј иницијатор и претседател е Адем Хоџа. Партијата „Единствена горанска партија“ излезе со Платформа за подбрувањето на условите за живот во областа Гора.

Според Платформата, оваа Партија се залага за:

1. Заштита на интересите на заедницата, нејзините граѓани и националните интереси на Горанската заедница.

2. Почитување на достоинтвото на човекот без оглед на неговата верска и национална припадност.

3. Формирање на локална самоуправа, самостојна општина Гора, со јасна географска и катастарска територија, со центар во Драгаш.

4. Заштита на правата на работниците, почитување на колективните договори, заштита на правата и положбата на селаните, пензионерите и сите други луѓе кои живеат од сопствената работа.

5. Заштита на положбата на фамилијата и рамноправност на половите.

6. Заштита на правото на бесплатна задравствена и социјална заштита, бесплатно образование и право на работа, пензија, фамилијарни и имотни права.

7. Заштита на животната средина и рационално користење на природните богатства во согласност со највисоките интереси на граѓаните на Гора.

8. Економски развој со потенцирање за стимулирање на приватниот сектор, јакнење на малото стопаснтво, создавање на услови со јакнење на земјоделско-сточарското производство со цел за создавање на услови за развој на Гора и намалување на невработеноста.