Македонците во село Расетлица областа Гора изложени на ризик од лизгање на земјиштетото

 

Денес изутрината во селото Растелица, на местото наречено „Грот“, се случи свлечиште предизвикано највероватно од наглото топење на снегот и од недозволените активности од страна на поединци кои што градејќи објекти без контрола го поткопале теренот.

Пред неколку години Општина Драгаш, во соработка со Министерството за враќање и заедници, инвестираше околу 60.000 евра, за потпорни зидови со цел да се обезбеди од ризичните штети на теренот. После добиените информации за покренување на лизгалиштето, општина Драгаш испратила инспектори, инженери и претставници од Канцеларијата за заедници, предводена од заменик-градначалникот за заедниците Шериф Ага, како би можеле на лице место да се запознаат со новонастаната состојба и да донесат соодветни одлуки за заштита на населението и санација на теренот.

По неговот враќање од теренот, се одржа итен состанок, со кој претседаваше градоначалникот на општината Шабан Шабани. На состанокот присуствувале претставници на одредени директориуми и други служби и командирот на полицијата во Драгаш. На состанокот најпрво се разговарало за безбедносната состојба на месното население во Рестелица, како и за начините на брза интервенција во санацијата на теренот. Се проценува дека итно е потребно да се изврши привремена санација на теренот  сè додека не започне изградбата на потпорниот ѕид, кој што беше планиран да се изработи за пролет.

На состанокот беше договорено фирмата „Дрина Компани“, која има добиено тендер за одржување на патишатата во Општина Драгаш, со својата механизација да постави големи бетонски цевки кои ќе бидат полни со песок, привремено да се се обезбеди лизгалиштето додека не се заврши тендерската постапка за изградба на потпорен ѕид. Исто така, заменик-градоначалникот за заедници, Шериф Ага, ги контактираше претставниците на турскиот контингент од КФОР и побара помош за набавка на бетонски пирамиди кои привремено би го заштитиле теренот од лизгање на земјиштето сe додека не се изгради потпорен ѕид.