
Денес градоначалникот на општина Драгаш, областа Гора Сабана Шабани одржа состанок со кризниот штаб на кој се разговараше за актуелната состојба во општината Драгаш, по појавата на вирусот корона на Косово. По деталниот извештај поднесен од Дирекцијата за здравство во Општина Драгаш, беше заклучено дека Општина Дерагаш е многу ризична општина заради широко распространетата дијаспора, иако во оваа општина нема регистрирани случаи на заболени лица. Директорот на Центарот за семејна медицина истакна дека сите што доаѓале од заразените области низ цела Европа биле прегледани и никој не бил заразен со вирусот. Беше упатен апел до сите жители, посебно до најстарите, без некоја посебна потреба да не се движат надвор од своите домови, а беше упатен апел до сите граѓани во своите заедници да влијаат на оние кои доаѓаат од заразените области низ Европа и поранешните југословенски републики, да седат во самоизолација и да се регистрираат во центрите за семејна медицина, за да може да им се изврши преглед.
Сите оние кои имаат потреба и се сомневаат дека имаат симптоми кои укажуваат на коронарен визус можат да се јават на телефонскиот број: 029 -281-094. Во наредниот период, Кризниот штаб ќе ја разгледа можноста за снабдување со основни прехранбени производи во селата каде нема продавници, за да им се овозможи на старите лица да можат да се снабдуваат со основни прехранбени производи.Со цел да се заштити населението и да се спречи пренесување на ширење на инфекцијата, Кризниот штаб на општина Драгаш донесе голем број мерки, кои се во согласност со препораките на Владата на Косово, Превентивни мерки на Кризниот штаб на општина Драгаш:
1. Полициската станица Драгаш по потреба ќе обезбеди помош во спроведувањето на одлуките на Владата.
2. Освен апотеките и маркетите со храна, со долука на Владата, се затварааат сите кафетерии, барови, пабови и ресторани, трговски центри (исклучок се оние оние што се ослободени по упатствата на надлежните инспекторати).
3. Сите активности предвидени од општината Драгаш (јавни расправи) културни, спортски активности, ќе бидат забранети.
4. Било кои собири се забранети, како мерка на претпазливост против ширењето на вирусот.
5. Покрај затворањето на пазарот за добиток и автомобили, затворен е и зелениот пазар на Драгаш,
6. Се прекинува работата со странки во Општина Драгаш, освен во итни случаеви.
7. На службениците кои работат со странки мора да им бидат обезбедени заштитни средства и средства за дезинфекција;
8. Се обврзуваат јавните локални институции да ги ослободат од работа вработените со хронични заболувања и симптоми на грип.
9. Одговорните во маркетите, пекарите, апотеките се должни да ги ослободат од работа (со платен надомест) работниците со хронични заболувања и симптоми на грип.
10. Маркетите, пекарите и аптеките се должни да ја зголемуваат хигиената и да ги дезинфицираат работните места.
11. Пазарите, пекарите и аптеките се должни да користат заштитни средства и средства за дезинфекција за секој вработен за време на работното време.
12. Општинската инспекција продолжува со контролите на лице место заради запирање на вештачки порастот на цените на производите.
13. Продолжуваат мерките за дезинфекција на школските, здравствени, културни, спортски објекти и други објекти.
14. Телефонската линија на Ургентниот центар за итни случаи: 029 281 094 е достапна за сите граѓани кои имаат здравствени проблеми.
15. Општинскиот инспекторат ќе се грижи за спроведување на одлуката на Владата, јавните и приватните институции треба да ослободат еден родител од работа во овој период на мерките.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden