Во Германија ќе работат само маркети, пазари, банки и аптеки

Во Германија ќе работат само маркети, пазари, банки и аптеки. Се затвораат кафулиња, клубови, театри, музеи, и цркви за да го забават ширењето на коронавирусот.  Рестораните и другите објекти за јадење ќе бидат отворени помеѓу 6 и 18 часот. Целта на властите е ограничување на социјалните контакти на јавни места како одговор на епидемијата на коронавирусот во Германија. Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека земјите од Г-7 се согласни заедно да дејствуваат со координирани мерки во спречување на ширењето на коронавирусот како и справувањето со последиците.