Влада објави дека граѓаните ќе мора да бараат дозвола за да излезат по основните набавки. Премиерот Еди Рама кажа дека луѓето можат да аплицираат онлајн преку порталот Е-Албанија или со текст-порака. Само едно лице по семејство може да излезе.
Единствени отворени продавници се оние кои продаваат храна, лекови и други основни намирници, а излегувањето е дозволено само меѓу 5 часот наутро и 13 часот од понеделник до сабота.
Никакво движење ниту работење нема да биде дозволено од сабота во 13 часот до понеделник во 5 наутро, а полицијата и војската ќе патролираат по улиците. Во Албанија се пријавени 186 случаи на заболување со новиот вирус ковид-19, и 10 смртни случаи.