СМК ја отфрла работата на македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја отфрла работата на македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања формиран врз основа на членот 8 точка 5 од Спогодбата Димитров-Коѕиас, во состав Маркос Боларис, Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и Ефтимиос Харлавтис како претставници на Алексис Ципрас и Виктор Габер, Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе како претставници на Зоран Заев, со задача да изврши ревизија на учебниците и наставните програми надводно “без иредентизам и ревизионизам на грчката историја за Македонија“, со историски резултати за Атина која си ја “враќа античката грчка Македонија“ и според коишто “античката историја на Македонија е дел од грчката цивилизација“.

СМК го отфрла обвинението на Атина против Македонците за иредентизам и ревизионизам кон Егејскиот дел на Македонија, кој Грција за првпат во нејзината историја го окупира во Балканските војни 1912-1913 година вршејќи етничко чистење и геноцид врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.

Се’ до Балканските војни 1912-1913 година, Македонија никогаш не била грчка, Македонците никогаш не биле Грци! Ако Македонците во Република Македонија се Словени, Словени во Република Грција не се само црнците во Атина доселени за време на фараоните од субсахарска Африка и Етиопија!

Заклучоците на македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања СМК ги смета за груб фалсификат на македонската и светската историја.

СМК ги повикува слободоумните интелектуалци да се спротивстават на овој груб фалсификат на македонската и светската историја.

СМК го отфрла договорот на македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, според кој учебниците по историја од кои ќе учат децата во Македонија ќе се преправаат и во нив изрично ќе биде наведено, дека Александар Македонски е Грк а Македонците Илири, и дека “Атина, Спарта и Македонија се трите темели на грчката цивилизација“, спротивно на историската вистина за Македонија и Македонците!

СМК потсетува дека таткото на Александар Македонски, Филип водел тешки војни со Илирите, во една битка го загубил и едното око, а потоа и со Атињаните на кои им го нанел најголемиот воен пораз по кој Македонците станале нивни хегемони!

СМК потсетува дека културата и историјата на Македонија и на Македонскиот народ не се во дисконтиунитет, туку во континуитет од пред нашата и од нашата ера до денес. Македонците не се доселеници во Македонија, туку таа е автохтона територија на Македонскиот народ! Името на Македонскиот народ е нераскинливо поврзано со името на неговата држава Македонија, и обратно името на државата Македонија е нераскинливо поврзано со името на Македонскиот народ!

Македонците по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во Републиката и светот, никогаш нема да ја прифатат новата “политичка историја“ за Македонија и Македонците меѓу марионетската влада на Зоран Заев со Алексис Ципрас и Бојко Борисов!

Македонците по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во Републиката и светот, ќе ја изучуваат и негуваат интегралната историја и географија на Македонскиот народ и на Македонија!

За Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, од татковината и светот, Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година претставува продолжение на Букурешкиот договор од 10 август 1913 година за конечно затворање на македонското прашање со легализација на окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

За Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, од татковината и светот, Спогодбата Димитров-Коѕиас претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застраува!

Македонците макар и еднострано декларираат, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

И покрај се’ и после се’, и покрај Балканските војни, Македонците предлагаат историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција но, врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“, што подразбира: меѓусебно разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроциртет во меѓусебните односи!

Македонците простуваат, но не забораваат и бараат: (1) извинување од Атина за сите општествени и историски неправди кон Македонскиот народ, (2) враќање на државјанствата и граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и нивните наследници од Првата и Втората Балканска војна, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција, и (3) репарации за штетите предизвикани по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци и за штетите од експлоатацијата на природните и археолошките богатства во окупираниот Егејски дел од Македонија!