Македонско-Горанската заедница во Косово подели хуманитарна помош во областа Гора (ВИДЕО)

Претсавниците на Македонско-Горанската заедница во Косово, во склоп на акцијата помош за сите во општина Драгаш, денес поделија хуманитарна помош за мештаните во село Млике. Помош во пакети со основни животни намирници добија преку 250 домаќинства во општина Драгаш. Претседателот на Македонско-Горанската заедница во Косово, Авнија Рахте, истакна дека оваа помош за жителите од нашата општина ќе биде од голема корист, имајќи  во предвид дека наскоро се очекува Рамазанскиот пост.

„Денес во овие села делиме пакети кои што содржат по 50 килограми брашно, 2 л масло, 5 кг шеќер и еден пакет со средства за хигијена. Со помош на Амабасадата на Македонија во Косово и од некои фирми од Косово добивме донација која ќе ги задоволи потребите за околу 550 фамилии од нашата општина“ ни рече Авнија Рахте, од Македонско-Горанската заедница во Косово.

Мештаните од село Млика кои што добија помош во основни животни намирници, изразија голема благодарност до сите кои што помогнаа, особена сега во време на пандемијата со КОВИД 19 кога им е ограниќено движењето и кога с еочекуваат Рамазанските пости.

„Ова не е само материјалана помош, туку е помош за наш опстанок овде. Голема благодарност до сите кои се сетивте на нас“

„Добро е, фала му на господа, добро е. Ако некому не чини, нека не зема“

„Во оваа состојба, секоај помош е добредојдена. Овде неаселението е на возраст  од 60-65 години, тешко се движи. Забрана на движење, немаштија, финансиски проблеми, така да многу ни значи секоја помош“ , ни кажуваат мештаните од село Млике.

Во наредниот период се очекува од Македонија да стигне помош од два шлепера хуманитарна помош за сите жители од општина Драгаш, ни пренесоа одговорните од оваа невладина организација.