Македонија: Чулев му се заблагодари на Мунир Шемси Македонски иселеник во Итаија за донацијата од 30.000 евра за Македонската полиција

Денес Министерот за внатрешни работи на Македонија Наќе Чулев оствари скајп разговор со господинот Мунир Шемси кој е по потекло од дебарскиот крај, општина Центар Жупа, а во моментов живее и е успешен бизнисмен во Република Италија.

Министерот за внатрешни работи, Чулев во рамки на разговорот изрази особена благодарност што од негова страна беа донирани 30.000 евра кои се наменети за набавка на заштитни средства и опрема за полициските службеници кои се во првите редови во справувањето со пандемија од корона – и

Донацијата доаѓа во исклучително важно време за сите нас и иницијативата за истата потекнува токму од господинот Шемси што дополнително дава важност на овој исклучително голем гест направен од негова страна.

Тој истакна дека за него преставува задоволство што во вакви моменти има можност да донира на сопствената татковина и за својот народ и нагласи дека во иднина стои на располагање за помош и поддршка на институциите во нашата земја.