
Најобичен памфлет со низок стил. Вака Советот за македонски јазик при Владата го коментира изданието на Бугарската академија на науките, во кое се негира посебноста на македонскиот јазик и се карактеризира како писмено регионална форма на бугарскиот. Во својата остра реакција велат – постоењето на македонскиот јазик одамна е апсолвирано прашање во светски рамки, а секој став што го негира овој непобитен факт е свесна провокација. Членовите на Советот – материјалот од бугарските академици е обид за попречување на афирмацијата на македонскиот јазик во меѓународни рамки, особено во НАТО и во ЕУ.
Сметаат дека зад книгата стојат неафирмирани научни имиња, кои набрзина и нестручно го издале овој материјал. Целта според Спасов, е политички мотивирана и служи за да им наштети на релативно добрите односи меѓу двете земји. Од Советот за македонски јазик најавуваат објавување на збирка на текстови, за, како што наведува, „подобро запознавање на нашата и на странската јавност со стојалиштата на македонските научници и на другите мислители од областа на македонската култура на оваа тема“./www.sitel.com.mk
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden