Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го освети новиот православен храм (ВИДЕО)

Рускиот патријарх Кирил денеска ја освети новата главна воена катедрала, изградена за одбележување на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа. На церемонијата присуствуваа верски водачи, министерот за одбрана Сергеј Шогу, гости и стотици војници. Катедралата на руските вооружени сили е изградена во Патриотски парк во московското предградие Кубинка. Катедралата требаше да биде осветена на 9 мај, кога во Русија се слави Денот на победата, но е одложено поради пандемијата на коронавирус, како и голема воена парада на Црвениот плоштад, што ќе се одржи на 24 јуни. Катедралата чинела 86 милиони долари, пренесуваат руските медиуми.