Триесет години од историскиот егзодус на албанските граѓани 

На денешен ден пред триесет години се случи најмасовниот егзодус на албанските граѓани и го најави падот на комунистичкиот режим. Во сеќавање на исторскиот егзодус премиерот Еди Рама објави видео запис со фотографии на кои се гледа како албанските граѓани влегуваат во странските амбасади во Тирана и во бродови кои пловат кон Бари, Италија. „ 30 години од историскиот егзодус на Албанците, време да се разбере цената на слободата и жестоката желба на албанската душа која се соочи со диктатурата и се бореше за слобода“, наведува Рама.

И претседателот Илир Мета, во сеќавање на овој ден, постира фотографија од внатрешноста на германската амбасада,каде тој ден биле влезени 3.200 лица. Откако и го честита на Германија првземањето на претседавањето со ЕУ, тој на Фејсбук напиша „време е да се исполнат соништата на секој граѓанин-Албанија како цела Европа. Време Албанците да се вратат во својата земја“. На 2 јули 1990 година, илјадници луѓе влегоа во странските амбасади во Тирана, што го означи почетокот на политичката промена во комунистичка Албанија.