Македонија влезе во историјата. Прв чекор кон Европското фудбалско првенство благодарение на Пандев

12. ноември 2020 Тбилиси-Скопје-Милано

Ова е насловот објавен во најтиражниот италијански весник La Gazzetta dello Sport од Милано, воедно и еден од најстарите спортски весници во Европа и светот по повод историскиот меч и победата на Македонија против Грузија одигран вечерва на стадионот во грузиската престолнина Тбилиси. Македонската национална телевизија (МТВ) вршеше директен пренос на мечот, а настанот од Тбилиси беше воден од македонскиот спортски коментатор Тони Стојановски.

Европското првенство УЕФА ЕУРО 2020 требаше да се одржи оваа година, но поради пандемијата е одложено за следната 2021 но логото на настанот нема да претрпи измени и тоа ќе се игра под истото име планирано за оваа година УЕФА ЕУРО 2020. На македонскиот национален тим им посакуваме многу среќа следната година и уште многу победи.

Спортскиот весник La Gazzetta dello Sport е основан од Елисо Ривера и Евгени Камило и првиот број бил издаден на 3. април 1896 година во пресрет на возобновените модерни Олимписки игри кои се одржале во Атина од 6.-12. април 1896 целосно покривајќи го овој светски настан.