Во Тирана протест поради убиството на Клодјан Раша, има повредени 

Под мотото „И ние сме Клодјан“ масовен протест вечерва се одржува во Тирана, напрво пред Министертвото за внатрешни работи,по што протестантите стигнаа пред Владата. Протестот нема организатор, туку граѓаните се собраа самоницијативно преку социјалните мрежи, за да побараат, како што самите велат,правда за убиството на младиот Клодјан Раша од припадник на специјалната полициска единица. Извикувајќи „сакаме правда“ „долу комунизмот“ „Лешај поднеси оставка“„во комунизмот убишате Ручи, сега Рама и Лешај“ граѓаните се обединија со единствена цел да протестраат против екстремниот чин што го направи полциаец кој го уби Клодјан Раша, вчера наутро,пренесува Топ чанел телевизија. Во неколку наврати, пред се пред владата,каде има полициски кордон, имаше судир меѓу полцијата и учесниците во протестот, но и меѓу самите протестанти. Поради тензичната ситуација мораше да интервенира специјалата полициска единица за брзи интервенции,а на владината зграда состојбата ја набљудуваат и прпадници на националната гарда и други полициски структури а употребен е и солзавец.

Според Ора њуз телевизија учесниците фрлале тврди предмети врз објектот на владата извикувајќи „сакаме правда, Рама од си“, ја вандализирале новогодишната елка поставена пред Владата откинувајќи дел од светилките,што прдизвикало спој и прегорел целиот систем. Потоа елката била потпалена и урната на земја. Клодјан Раша (25) беше застрелан во близина на неговиот дом во населбата Лапрак во Тирана, кога,според неговите родители заминувал на утринско кафе со другарите. Неговата сестра Бора Раша,која учествуваше во протестот, низ солзи кажа дека немал проблеми со никого, бил мирно момче, имал свршеница и требало следното лето да прават свадба. Истото го потврдуваат и соседите за албанските медуми, според кои полицаецот без предупрдување да застане,што е вообичаена постапка, директно пукал во момчето и го усмртил. Министерот за внатрешни работи Сандер Лешај рече дека е почната истрага која треба да потврди прчината зошто полицискот специјалец пукал. Според последните информации има и повредени,повеќето полицајци при што тројца се пренесени во болница.