Русија протера албански дипломат од Москва 

Денес во Министерство за надворешни работи на Руска Федерација во Москва беше повикан амбасадорот на Република Албанија А. Газиони. Во просториите на руското Министерство за надворешни работи, на албанскиот амбасадор му беше предадена нота за прогласувањето на првиот секретар на Амбасадата на Албанија во Москва, Јонида Дроху за ′′персона нон грата ′′. Овој чекор преземен од страна на руското Министерство како одговор на одлуката на Република Албанија да го протера од земјата првиот секретар на руската амбасада во Тирана. На спомнатиот вработен му е наредено да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од 72 часа.

Според информацијата на руското Министерство, албанската држава го протера рускиот дипломатот со цел да се добијат политички поени. Ваквиот став се поткрепува со фактот дека овој чекор се презема во стартот на изборната кампања во Албанија, сакајќи овој потег да служи за забава и потсмев кај антируските сили од Западот. Од овие западни земји се очекува да се заложат и да дадат силна поддршка на сегашната политичка структура во Тирана. – Акциите на албанската страна се спротивни на уверувањата кои досега ги имавме од страна на Тирана, дека тие се обидуваат да развијат пријателски односи меѓу нашите две земји, а всушност работат на стагнацијата во билатералните односи. Таквата недоследност е за жалење. – соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи на Руската Федерација.