
Здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки, заради зголемениот број на нови случаи на коронавирус и се поголемиот број на хоспитализирани пациенти заболени од ковид-19. Се претпоставува дека ќе биде продолжен полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и дека ќе биде забранета работата на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат достава. Локалните медиуми пренесоа дека за време на викендот земјата ќе биде целосно затворена, односно дека ќе биде забрането било какво движење. Во средата во Албанија е забележан најголем број на новозаразени во еден ден, а од последиците на вирусот починаа 19 лица.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden