
Во големата сала на месната заедница “Чаир” во Ниш, се одржа редовното годишно собрание на Македонското здружение “ВАРДАР” од НИШ. Членовите на Македонското здружение “ВАРДАР” усвоија извештај за работа и завршна сметка на здружението за 2016 година и донесоа програма за работа во 2017 година.
Измина плодна година со активности на здружението и се надеваме на уште повеќе активности годинава. Ќе продолжиме да се дружиме и да ги одржуваме и афирмираме македонскиот јазик култура и историја во Србија како наша втора татковина. Во Македонија се нашите корени и вечно ќе ги одржуваме врските со родината, – рече претседателот на здружението Благе Петрушевски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden