Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски освари средба со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски 

Развојот на регионот Преспа е во заеднички интерес и за општина Ресен и за општина Пустец. По тој повод на 17.03.2021 средба остварија градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски. На средбата беше разговарано на повеќе заеднички теми од областа на економијата, инфраструктурата, туризмот, a посебен акцент беше ставен на прекугранични проекти. Оваа средба ја потврдува одличната соработка помеѓу општините, бидејки само со заедништво можеме да придонесеме за поголем развој и афирмација на регионот Преспа.