Во Албанија попладнево почна вакцинацијата на новинарите и другите медиумски работници, како категорија која се наоѓа во најголема опасност од Ковид-19. Вакцинацијата се одвива врз основа на списоците доставени од редакциите, а продолжува секој ден по 15 часот.

Попладнево почнавме со вакцинација на медиумските работници, а од утре и со припадниците на полицијата. До сега имунизиран е целокупниот здравствен кадар и просветните работници, при кај е кај вработените во градинките а продолжуваме и со повозрасната популација од 70-годишна возраст, рече министерката за здравство Огерта Манастириу, која одблиску го следеше почетокот на вакцинацијата на новинарите.

Како последица од Ковид-19 во Албанија починаа седум новинари. Новинарката на Топ чанел Герта Попа вакцината ја прими во вести во живо. Во студиото беше и Силва Бино, една од најпознатите албански епидемиолози и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата кажа дека вакцината е безбедна и оти е можно да се појават лесни нуспојави кои брзо минуваат.