
По два дена прекин на летовите, поради штрајк на контролорите за летање, од утре аеродромот во Тирана се враќа во нормала, информираше министерката за инфраструктура Белинда Балуку.
Ситуацијата со летовите е веќе одблокирана. Од денес попладне ќе има само суштински летови: здравствени, дипломатски, воени, владини, хуманитарни. Попладнево ќе пристигнат вакцините кои требаше да пристигнат вчера. Од утре почнуваат комерцијалните летови, што значи нормална работа на аеродромот, рече министерката Балуку.
Таа уште еднаш обвини дека ова е смислен политички акт на две недели пред изборите. Оваа тешка и вонредна состојба нè натера да сфатиме дека беше организирана од партија за да има ќор-сокак до изборите, за што се превземаат мерки за да се направи уште подлабока проверка на состојбата. Важно е дека воздушниот сообраќајот од утре се се враќа во нормала, додаде таа.
Како што пренесува Топ чанел телевизија албанските се заменети со турски контролори, кои во Тирана пристигнале синоќа од Подгорица. Ова всушност го најави премиерот Еди Рама, кој синоќа ги повика контролорите да го прекинат штрајкот а доколку не го направат тоа ќе ги изгубат работните места, зашто ќе бидат заменети со други.
Вчера 65 контролори на летање престанаа да работат барајќи исполнување на неколку нбарања : враќање на отпуштените колеги на работа; укинување на одлуките на Управнот одбор; враќање на целосната плата според колективниот договор(4.400 долари); целосна финансиска транспарентност за 2020 година, како и претставник на синдикатот да биде член на Управниот одбор.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden