
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, во јапонската амбасада денеска оствари средба со неговиот колега Takada Mitsuyuki. На средбата разговарано е за повеќе прашања од интерес на двете земји и народа, но посебно разменети се мислења околу кочанскиот ориз, за кој амбасадорот Takada Mitsuyuki, оценил дека по квалитет е идентичен со оризот кој се прозведува во Јапонија. Поради тоа тој предложил да се разгледа можноста оризот од Македонија да се нуди на јапонски ресторани низ Европа.
Почитуван амбасадоре Марковски пренесете им на производителите на ориз во Македонија, дека кочанскиот ориз по својот квалитет и својства е на исто рамниште со оризот од Јапонија. Ви предлагам да започнете со понуда на истиот во јапонските ресторани низ Европа, рекол амбасадорот Mitsuyuki. Во објвата на Фејсбук страната на македонска амбасада се наведува дека Марковски, пред извесно време, му го обезбедил од овој познат македонски производ на својот јапонски колега. Двајцата допломати се договориле во идина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес.

Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden