Клус: Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ

Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.

Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, што секако не се само позитивни. Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесе и Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка, истакна Клус на денешната промоција на словачката донација за Клиниката за детски болести.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со т.н. нон-пејпери што се појавија последниве недели, Клус рече дека можеби е подобро што не ги знаеме нивните автори, бидејќи тие документи носат опасна идеја за промена на границите во регионот.