
Во Албанија од први јуни се укинува задолжителното носење заштитна маска на лицето на отворен простор а полицискиот час се скусува за еден час и ќе трае од 23:00 до 6 часот. Ова се дел од мерките што денес ги соопшти техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба.
Комитетот смета дека има простор за олеснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22:00 часот ќе почнува од 23:00 и ќе трае до 6 часот, како и до сега, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.
Според одлуката ноќните клубови и дискотеки и понатаму остануваат затворени а од 15 јуни ќе се дозволи групирање на отворен простор на 15 наместо 10 лица, колку што е сега. Доколку епидемолошката состојба продолжи да се подобрува од први јули полицискот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот. Исто така ќе се дозволи одржување спортски натпревари, тетарски претстави други културни настани и конференции со присуство на со намалени капацитети до 30 отсто од капацитетот според протоколот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), додаде Ракацоли.
И покрај бројките, пандемијата не е завршена иако позитивноста на тестирањата останува ниска а ефектот од имунизацијата е познат. Важно е да продолжите да носите маски, да одржувате дистанца и хигиена, порача Албана Фицо, директорка на ИЈЗ. Одлуката на Комитетот е донесена по видно намалената бројка на нови случаи со Ковид-19. Вчера по 244 дена не беше регистриран починат а бројот на новозаразени беше 15 лица ил 0,5 отсто од тестираните.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden