
Запленет имот вреден милиони евра, ресторани, хотели, супермаркети , четири компании, градежно земјиште и пртворени 38 лица е билансот од големата акција „Душа“ финализирана денеска во утринските часови од страна на албанското специјално обвинителство (СПАК) во соработка со италијанската полиција во четири земји, Албанија, Италија, Црна Гора и Шпанија.
Денес е запленет голем имот, главно во градовите Валона, Каваја, Тирана, Тепелена, Ѓирокастро и Скрапар. Има 11 недвижнини, ресторани, хотели, супермаркети, градежно земјиште, 4 компании со нивните средства и некои други имоти во вредност од над 3 милиони евра. Документирано е дека истите се стекнати директно како резултат на приходите од криминални активности. Во ткот на истрагата во четирите земји запленети се 6 тони наркотични средства, во вредност од 55 милиони евра,изјави Владимир Мара, од СПАК.
Според него за време на истрагата идентификувани се бројни обиди на трговија со наркотици, од Албанија до италијанскиот брег и проширување на повеќе градови во Италија и други европски земји, главно канабис, хероин, кокаин и други супстанци. За време на истрагата издадени биле мерки за безбедност за повеќе од 80 лица.
Денеска уапсените 28 албански државјани биле дел од четири моќни криминални групи. Меѓу нив се обвинител, полициски фнкционери, како и две лица од обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, кому му се судеше за вмешаност во недозволена трговија со дрога.
Директно инволвиран во трговијата со дрога, дури се смета за главен организатор, бил Илирјан Бала, прв човек на секторот за борба против недозволена трговија со наркотици, кому му е изречена мерка домашен притвор исто како и на обвинителот од Валона Максим Сото.
Директорот на државната полиција Арди Велиу рече дека во акцијата биле вклучени над 200 полициски службеници, како и припаднци на специјалната единица „Ренеа“ и единицата за брза интервенција.
Во Тирана денеска престојуваа високи претставници на италијанската антимафија, кои за успешноста на акцијата обвинителте на СПАК и директорот на државната полиција.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden