Амбасадорката Ким побарала од лидерот на демократите Баша, да се дистанцира од Бериша 

Американската амбасадорка, Јуриј Ким, директно побара од лидерот на опозицската Демократска партија (ПД), Љулзим Баша да се дистанцира од Сали Бериша на почетокот на новата парламентарна сесија.  

По средбата во седиштето на партијата која траеше повеќе од 1 час и 20 минути, амбасадорка рече дека ќе биде „историска иронија, но и трагедија за оваа земја, ако партијата јаде трева заради личните интереси на еден човек“. 

Ким рече дека побарала од Баша  да се огради од пратениците кои не ја заслужуваат довербата на Албанците.  

Таа не го спомна по име Сали Бериша кој е прогласен за „персона нон грата“ од САД, но повеќе од јасно е дека станува збор за него, во директната и силна порака.

Сакам да го нагласам значењето дека кога лидерите на партиите ќе влезат во Собранието, важно е да бидат придружувани од пратеници кои заслужуваат да ја претставуваат Албанија. Важно е ПД да размисли околу ова прашање. ПД одигра незаменлива улога за да ја ​​извлече оваа земја од комунистичката диктатура. Би било историска иронија и исто толку трагично ако партијата јади трева заради еден од своите пратеници, рече таа по средбата со Баша. 

Демократската партија, додаде таа, е политичката сила која се бореше за демократија и интеграција на земјата. Сметам, нагласи, дека партијата треба да се врати во законодавниот дом, зашто одлуките кои ќе се донесуваат од септември се тешки, но „треба да бидат донесени за доброто на земјата“. 

Всушност, нашата надеж е дека партиите ќе продолжат напред и нашата соработка ќе оди напред. Поради оваа причина, има тешки одлуки за секого. Се надевам дека луѓето ќе имаат можност да се релаксираат во август и да се вратат свежи за она што го носи иднината, изјави американската дипломатка. 

Ким со порака до владејачката Социјалистичка партија, ПС. 

Ако ПД се врати во Собранието, важно е ПС да се издигне над своите партиски интереси. Сакам уште еднаш да ја подвлечам одговорноста дека кога лидерите на партиите ќе влезат во Собранието, да бидат придружувани од пратеници кои ја заслужуваат довербата на Албанија, посочи таа.