МНР: Двајцата удавени Македонци се Битолчани

Телата на двајцата државјани на Македонија се пронајдени починати во морето близу Каваја, соопшти Министерството за надворешни работи по добивање информации од нашата Амбасада во Тирана. Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. Според информациите од македонската амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку амбасада, велат од МНР.